Тренчевска: Со ВМРО-ДПМНЕ дупката во ПИОМ достигна 1 милијарда евра, одржливоста на пензиите е загрозена

Пратеничката од Социјалдемократаскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, на денешните пратенички прашања упати прашање до заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади,Ѓоко Велковски, за состојбата со Фондот за ПИОМ и динамиката на исплата на пензиите.

Тренчевска во своето обраќање посочи дека дупката во Фондот за ПИОМ е над 1 милјарда евра, односно толку пари државата ќе префрла  за да можат да се сервисираат секој месец пензиите. Како што кажа Тренчевска, одржливоста на Фондот за ПИОМ е веќе сериозно нарушна, ставката од која се трансферираат средствата од министерството кон фондот за исплата на пензиите е 100% реализирана, односно пари на таа сметка нема.

„Направивте зголемувања без пресметки, без план – тоа не е реформа, тоа е играње со граѓаните за сметка на вашата политичка корист.

Политиката за исплата на пензиите ви е на рамниште „купи/продај ден”. Дупката во Фондот за пензиско пука по шавови.Пензионерите добро се сеќаваат дека кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, Фондот е секогаш во колапс.

Јавна тајна е зошто меѓу другото се задолживте со унгарскиот кредит, не за да реализирате капитални инвестиции, туку за да го покриете дефицитот во Фондот, кој за само година и пол на власт го продлабочивте за над 50%.“ рече Тренчевска.

Прашањето на Тренчевска до Велковски беше, како ќе бидат исплатени пензиите на 1 декември и од каде ќе се најдат средства за префлрлање до Фондот, кога во буџетот нема средсства.

Зачлени се на нашиот е-билтен