Бочварски до Николоски: Зошто стои реализацијата на брзата пруга?

Бочварски праша, кои се роковите за отпочнување и изработка на физиолити студијата понатаму избор на траса, експропријација, проектирање и градба на овој значаен проект за Македонија и регионот?

Пратеникот на СДСМ Благој Бочварски на собраниската седница посветена на пратенички прашања, до министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски упати прашање во врска со слабата реализација на брзата пруга долж коридорот 10, бидејќи во предлог буџетот за 2026 година не се предвидени средства за овој инфраструктурен проект.

Во продолжение интегрален текст на прашањето:

„Во изминатиот период значајна тема е темата за изградбата на брзата пруга долж коридорот 10, прашање или проект за кој секако треба да се посвети сериозно внимание од секој аспект, од аспектот на избор на моделот на изградба, начинот на финансирање, понатаму координацијата со соседните земји, со кои ќе биде неопходно да се поврземе преку еден ваков тип на пруга со високи перформанси и заеднички да го туркаме овој процес напред.

Инаку како држава и во време на претходната влада на СДСМ веќе ја изразивме нашата подготвеност за реализација на ваков проект кон крајот на мандатот потпишувајќи меморандум со Република Србија за изградба на пруга Скопје-Белград во две фази, од кои првата би била Скопје – Белград со поврзување на аеродромот Скопје, а втората фаза од Скопје кон Богородица и поврзување со Република Грција.

Од месец мај оваа година имаше повеќе информации во јавноста по однос на ова прашање на пример дека штом се обезбедат финансиите веднаш ќе се избере изведувач ќе се настапи со градежни активности, ако не се лажам уште оваа година, нешто што беше преоптимистичка проценка, па потоа имаше и неколку други изјави од повеќе претставници на владата во насока дека овој проект би започнал со реализација некаде кон крајот на 2026 година, а првите исплати или буџетирање би биле во 2027 година.

Она што успеав да го видам од овие најави дека ќе се оди со реализација на проектот преку принципот проектирање и градба нешто за коешто лично се борев овде да биде усвоено како модел во собранието во нашите закони и тврдам и убеден сум, бев убеден и тогаш, но и денеска дека сите проекти кои се граделе или се градат со традиционалниот модел на изградба имаат многу препреки одлагање на реализацијата, репроектирање, избор на нови проектанти нови изведувачи и на крај најважното губење на време за за граѓаните коишто час поскоро очекуваат да бидат изградени овие патишта пруги и инфраструктура за граѓаните.

За разлика од тоа како се оди со делегирање на правото на компанијата изведувач да работи паралелно на урбанистички планови, гео-механика, проектирање изградба е модел која е подобар и дава резултати.

Имајќи уредби дека во предлог буџетот за 2026 година кои владата веќе го достави во собранието и поминаа веќе на комисија во изминативе неколку денови видовме дека не се предвидени средства за изградба на оваа брза пруга на коридорот 10 нешто што само во себе говори дека не сме многу блиску од почеток на градежните работи на терен.

Оттука прашањето ми е кои се роковите за отпочнување и изработка на физиолити студијата понатаму избор на траса, експропријација, проектирање и градба на овој значаен проект за Македонија и регионот?.“

Зачлени се на нашиот е-билтен