Во третото тримесечје од 2025 година е забележан пораст на наталитетот во земјата. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородени деца изнесува 4.431, што претставува зголемување од 3.7 % во однос на истиот период лани.
Истовремено, бројот на починати лица е намален за 0.5 % и изнесува 4.849, од кои 20 се доенчиња. И покрај овие трендови, природниот прираст останува негативен и изнесува -418, што значи дека бројот на умрените лица е повисок од бројот на живородените за речиси половина илјада.
Показателите укажуваат дека иако има благо подобрување во наталитетот и мало намалување на смртноста, демографскиот баланс сè уште е во минус, продолжувајќи ја повеќегодишната тенденција на негативен природен прираст.

