Новак Ѓоковиќ им држеше јога час на возачите од Формула 1 во Катар

Andrew Campbell, CC BY 2.0 , via Wikimedia Commons
Andrew Campbell, CC BY 2.0 , via Wikimedia Commons

Легендарниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ накратко ја смени улогата и од светски број еден на терен стана јога-инструктор за ѕвездите на Формула 1. Воочи трката во Катар, во Лусаил, тој беше специјален домаќин на пилотите, користејќи ја соработката со „Qatar Airways“, спонзор и на тенисерот и на викендот од F1 календарот.

Во падокот на Лусаил, Ѓоковиќ им покажа дел од својата дневна рутина за истегнување и јога-вежби, со кои со години го одржува телото во врвна форма. Видеото од заедничкиот тренинг го сподели возачот на Алпин, Франко Колапинто, кој во шега призна дека не можел да го издржи темпото на Новак. „Нема шанси да го издржам загревањето, не сум толку флексибилен како него. Невозможно е да се замисли колку работа има зад тоа да бидеш број 1“, порача Аргентинецот по невообичаениот час.

Посетата на Ѓоковиќ доаѓа во момент кога Формула 1 влегува во драматична завршница на сезоната. Воочи катарскиот викенд, Ландо Норис е лидер во генерален пласман со 390 поени и предност од 24 бодови пред Макс Ферстапен и Оскар Пијастри, а токму трката во Лусаил може дополнително да ја искомплицира борбата за титулата.

Според распоредот, во сабота најпрво се вози спринт-утрка, а потоа и квалификациите за главната трка што е на програмата во недела. За дел од навивачите, јога-сесијата со Ѓоковиќ беше уште една потврда за тоа колку тесно денес се испреплетени големите спортови – тенисот, Формула 1 и глобалните брендови што ги обединуваат ѕвездите на едно место.

Зачлени се на нашиот е-билтен