Новиот уред од OpenAI целосно ги менува правилата: Apple нема да биде задоволен!  

Алтман и Ив откриваат дека функционалните прототипови веќе постојат и најавуваат уред со едноставен, смирен дизајн – далеку од класичните смартфони.

OpenAI и Џони Ив работат на својот прв хардверски уред со вештачка интелигенција, кој би можел да се појави за помалку од две години. Иако деталите се чуваат во тајност, нивните први прототипови веќе покажуваат дека се стремат кон едноставен и смирен дизајн, различен од паметните телефони. 

Првиот хардверски уред OpenAI базиран на вештачка интелигенција би можел да се појави за помалку од две години, потврдија извршниот директор Сем Алтман и познатиот поранешен дизајнер на Apple, Џони Ив. Нивната изјава означува важен момент за проектот, кој со месеци беше чуван во тајност. Иако нема да биде телефон, уредот би можел да добие форма без екран. 

На нстанот организиран од Emerson Collective, Алтман го изрази своето задоволство за првите прототипови и брзиот напредок на тимот. Ив, сепак нагласи дека развојот на хардверот бара време и дека процесот може да биде непредвидлив, иако сега имаат рани верзии кои ги сметаат за многу ветувачки. 

Уред со различна филозофија на дизајн 

Иако деталите се непознати, Алтман и Ив најавуваат дека уредот треба да обезбеди искуство кое е значително различно од денешните паметни телефони. Според, Алтман целта не е да се создаде уште еден извор на одвлекување на вниманието, туку технологија која носи помирна и пофокусирана средина. 

 Алтман, исто така, откри дека претходниот прототип не предизвикал чувство на задоволство кај корисниците, туку дека токму поновите верзии го постигнале посакуваниот емотивен ефект. 

Дизајнот го опишал како едноставен, убав и разигран, сугерирајќи дека тимот успеал да ја комбинира функционалноста и интуитивноста. 

Разговор кој носи нови детали 

Алтман и Ив, заедно се појавија со основачот на Emerson Collective и сопруга на починатиот ко-основач на Apple, Стив Џобс, Лорин Пауел Џобс.  

Во разговорот била истакна врската помеѓу дизајнот, технологијата и културата, област во која Ив изградил силна репутација за време на неговиот престој во Apple. Настанот, исто така, го потврди нивното партнерство, кое претходно беше предмет на шпекулации. Иако останаа резервирани кога станува збор за конкретни спецификации, двајцата јасно кажаа дека проектот се префрлил од концептуална фаза во фаза на функционален прототип, што дополнително ја поттикна љубопитноста на јавноста. 

Ив продолжува со нова фаза од својата кариера 

Во првата половина од оваа година, OpenAI ја купи компанијата на Ив, io, за 6,4 милијарди долари. Аквизицијата предизвика голем интерес во Силиконската долина, особено за тоа како Алтман и Ив планираат да го комбинираат најсовремениот индустриски дизајн и напредната вештачка интелигенција. 

Ив, познат по дизајнирањето на iPhone, iPad и Apple Watch, сега го води развојот на нова генерација уреди со вештачка интелигенција за потрошувачи. 

По напуштањето на Apple во 2019 година, компанијата на Ив, LoveFrom, соработуваше со брендови како Ferrari, Airbnb и Moncler. Нејзиниот премин во хардвер со вештачка интелигенција претставува влез во простор каде што ниедна технолошка компанија сè уште не дефинирала јасен и доминантен производ. 

OpenAI го проширува тимот за хардвер 

Во текот на изминатите месеци, OpenAI вработи голем број поранешни вработени во Apple за да го забрза развојот на хардверот. Во изминатиот месец, компанијата вработи уште 40 луѓе, од кои многумина имаат долгогодишно искуство во Apple. 

Додека Apple се обидува да го повтори успехот што го постигна со iPhone, компании како OpenAI истражуваат нови видови уреди, вклучувајќи паметни очила, приврзоци и прстени, кои се дизајнирани од самиот почеток како производи со вештачка интелигенција. Иако ниту еден од нив сè уште не станал толку моќен или привлечен како денешните паметни телефони, зголемениот развој покажува дека следната голема технолошка платформа би можела да изгледа сосема поинаку.

Зачлени се на нашиот е-билтен