МВР фати 61 пијан возач, 14 заработија кривични пријави бидејќи возеле со 1,5 промили во крвта

МВР

Полицијата откри 61 пијан возач за време на ноќна акциска контрола низ целата држава, при што 14 од нив се соочуваат со кривична одговорност поради измерени над 1,50 промили алкохол во крвта.

Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната сообраќајна контрола во текот на ноќта меѓу 17 и 18 октомври, во периодот од 21:00 до 03:00 часот, насочена кон санкционирање на лица кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Полициските службеници алкотестираа вкупно 772 возачи на патиштата низ Македонија. Притоа, присуство на алкохол во организмот беше утврдено кај 61 лице.

Кај 14 возачи беше измерена концентрација на алкохол над 1,50 промили, со што сториле кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.

Поради констатираните прекршоци, полицијата им ги одзеде возачките дозволи на 58 лица. Дополнително, врз основа на член 300-б од Кривичниот законик, трајно или привремено се одземени и две моторни возила.

За време на шестчасовната контрола, сообраќајната полиција констатираше уште 125 прекршоци од друг вид.

Од Министерството за внатрешни работи најавија продолжување на редовните и вонредните контроли и упатија апел до граѓаните за почитување на правилата и одговорно учество во сообраќајот.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Нема да ги возиме пред 2030 206 (45%)
45 %
Кинескиот Кичево-Охрид ќе се влече со години незавршен, Бехтел - Енка ќе ги возиме до 2028-2030 102 (22%)
22 %
4. Кичево-Охрид ќе го возиме наскоро, а Бехтел-Енка ќе заглават со години 79 (17%)
17 %
До 2028 ќе ги возиме и Бехтел-Енка и Кичево-Охрид 70 (15%)
15 %

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Нема да ги возиме пред 2030 206 (45%)
45 %
Кинескиот Кичево-Охрид ќе се влече со години незавршен, Бехтел - Енка ќе ги возиме до 2028-2030 102 (22%)
22 %
4. Кичево-Охрид ќе го возиме наскоро, а Бехтел-Енка ќе заглават со години 79 (17%)
17 %
До 2028 ќе ги возиме и Бехтел-Енка и Кичево-Охрид 70 (15%)
15 %