Хакерски напад врз АфД: Украдени над 420.000 мејлови на германската десница

EPA/

Хакери упаднаа во мејл-серверите на германската десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) и украдоа повеќе од 421.000 пораки, меѓу кои и преписките на партиското раководство. Нападот бил насочен кон надворешен провајдер на електронска пошта што го користи партијата.

Според германскиот весник Билд, меѓу компромитираните пораки се наоѓаат и мејлови на копретседателката на партијата Алис Вајдел и на коосновачот Александер Гауланд. На интернет веќе се објавени резимеа од дел од пораките, како и фотографии од лични карти на партиски членови, банкарски изводи, пристапници и списоци на членството од локални ограноци. Оригиналните пораки засега не се јавно достапни во целост.

Од АфД за агенцијата АФП потврдија дека се случил сајбер напад врз нивниот провајдер, при што бил копиран мал број кориснички сметки, главно такви што не биле користени со години.

Од партијата соопштија дека упадот бил брзо детектиран и запрен, а сите засегнати корисници биле известени. Партиските служби во моментов ја проверуваат содржината што е објавена на интернет.

Засега нема информации кој стои зад сајбер нападот, ниту дали се компромитирани дополнителни интерни податоци.

Инцидентот се случува во период на раст на рејтингот на АфД на сојузно ниво и по неодамнешните изборни успеси на десницата во германските сојузни покраини.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?