Пожарот во Скопската чаршија, во близина на Св. Спас, е изгаснат и ставен под контрола

пожарот
Фотографија од скриншот од видео на очевидец.

Благодарение на брзата и ефикасна интервенција, пожарот што вчера избувна во стара куќа лоцирана на улица Самоилова, во непосредна близина на црквата „Свети Спас“ во Старата скопска чаршија, синоќа беше ставен под контрола и нема опасност од негово проширување на соседните објекти, извести директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али.

Причината за избувнувањето на пожарот засега не е позната. Екипи на Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе извршат увид на местото на настанот за да ги утврдат околностите и причините што довеле до пожарот.

На местото на настанот веднаш интервенираа противпожарни екипи од Скопје. Во гаснењето учествуваа 20 пожарникари со пет противпожарни возила, под команда на Звонко Томевски. Првичните извештаи споменуваа 12 пожарникари со четири возила.

Зачлени се на нашиот е-билтен