Во експлозија на улицата Јасенева во Москва загина началникот на одделот за оперативно-обучување на Генералштабот на руските вооружени сили, генерал-потполковник Фанил Сарваров.
Ова го соопшти официјалната претставничка на рускиот истражен комитет Светлана Петренко за ТАСС.
„Според истрагата, утрото на 22 декември, експлозивна направа поставена под дното на автомобил била детонирана на улицата Јасенева во Москва. Како резултат на повредите, починал началникот на одделот за оперативно-обучување на Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација, генерал-потполковник Фанил Сарваров“, рече таа.
Покрената е истрага за „убиството“ на генерал-потполковник Сарваров. Една од верзиите што се истражуваат е „поврзана“ со „украинските специјални служби“, според истиот извор.