Тешка автобуска несреќа во Индонезија: најмалку 16 загинати, десетици повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 18 се повредени во тешка автобуска несреќа што се случи во покраината Централна Јава, соопштија локалните власти.

Според официјалните информации, патничкиот автобус излетал од патот откако удрил во заштитна бариера и се превртел. Во автобусот имало 34 патници, а тој сообраќал од главниот град Џакарта кон градот Јогјакарта, пренесува Kompas TV.

Повредените патници биле веднаш пренесени во блиските болници. Според првичните наоди, несреќата најверојатно била предизвикана од преголема брзина.

Властите во Индонезија започнаа истрага за да ги утврдат точните околности под кои дошло до трагичниот инцидент.

Зачлени се на нашиот е-билтен