Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за именување нов селектор на сениорската репрезентација. Функцијата селектор на македонската А репрезентација ја презема Гоце Седлоски.
Одлуката беше донесена врз основа на предлог од Комисијата за избор на селектор, во чиј состав се: претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ, директорот на Националните репрезентации Горан Пандев, раководителот на Скаутинг службата Николче Новески, членот на Управниот одбор Агим Ибраими и потпретседателот на ФФМ, Марјан Стојковски.
Гоце Седлоски е прославен македонски фудбалер од одбраната која своевремено беше и капитен.
По завршувањето на играчката кариера Седлоски водеше неколку екипи од Македонија, меѓу нив и скопски Вардар.