Мицкоски ги извиси работниците: И по две години нема договор за зголемување на минималецот

Од ССМ ги обвинија другите синдикати дека ја бранеле Владата и работодавачите и затоа ги повикаа сите работници да дадат поддршки на следните чекори на овој синдикат.

Владата предводена од Христијан Мицкоски и денеска го повтори ставот дека нема да става „зачин“ во настојувањето на газдите да не ги зголемат минималните плати на работниците во своите компании. Па така и денеска не падна договор меѓу работодавачите и Сојузот на синдикатите на Македонија и тоа пред законското усогласување во март. ојузот на синдикати на Македонија не се договорија за зголемување на минималната плата пред законското усогласување во март. На ССМ немањето решение не им се допадна и се заканија дека ако до Нова Година нема договор, ќе има протести.

„Денеска настапивме аргументирано, ги побивме сите досегашни тези на работодавачите како и на претставниците на владата. Меѓутоа, тие аргументи за нив не беа доволни, анкетата која ја спроведе ССМ од 1.600-те испитаници исто така не беше репрезентативен примерок. Тоа што се отвораат повеќе компании од тоа што се затвараат со растот на минималната плата, не е доволно. Тоа што се зголемува бројот на вработени, наспроти тоа се намалува бројот на невработени, исто така не е доволно.“, вели Слободан Трендафилов.

Министерот за економија Бесир Дурмиши вели дека на Економско социјалниот совет биле изнесени сите аргументи за и против повисока минимална плата. ССМ вели дека е најниска во регионот, а Дурмиши дека сме подобри од Бугарија и Турција. Но, работодавачите презентирале податоци дека профитабилноста на македонските компании се движи од 2 до 5% и дека не може да се зголеми минималната плата. Според некои пресметки, ако компаниите се откажат од профитот, односно да работата без добивка, платата би изнесувала нешто над илјада евра. 

„Според нашите индикатори во вакви економски услови нема оправданост за интервентно зголемување на минималната плата пред редовното усогласување во март, кое е јасно утврдено со Закон и кое би било помеѓу 1.500 до 2.000 денари. Поточно ќе знаеме после нова година каде што ќе ги имаме сите податоци и пресметките ќе го покажат точното колку ќе биде минималната плата, односно од месец март кога ќе биде хармонизирана“, порача Бесар Дурмиши.

Но, биле изнесени и други идеи, меѓу кои и минималецот да се зголеми, но придонесите за зголемувањето извесен период да го плаќа владата.

„Еден од предлозите на Бизнис конфедерација на Македонија во рамки на Законот за работни односи е да се прошири колективното договарање со што ќе се вклучи и минималната плата, особено во одредени сектори. Нашиот предлог е дека со договарањето на минимална плата во одредени сектори може да се намалат и злоупотребите, така да топката е помеѓу синдикатите и работодавачите.“, вели Миле Бошков.

Од ССМ ги обвинија другите синдикати дека ја бранеле Владата и работодавачите и затоа ги повикаа сите работници да дадат поддршки на следните чекори на овој синдикат.

Зачлени се на нашиот е-билтен