Турската разузнавачка служба уапсила високорангиран член на терористичката група Исламска држава, со што биле спречени наводно планирани самоубиствени напади, пренесуваат агенциите Бета и АП.
Според државната новинска агенција Анадолија, уапсениот Мехмет Горен бил приведен на границата меѓу Авганистан и Пакистан, по што бил депортиран во Турција.
Засега не е познато дали во акцијата учествувале и властите на Пакистан и Авганистан.
Анадолија наведува дека Горен е турски државјанин кој се искачил високо во хиерархијата на Исламска држава и добил задача да координира планирани самоубиствени бомбашки напади во Турција, Пакистан, Авганистан и во делови од Европа.