Промоција на „Македонски етимолошки речник“

промоција

Во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје денеска во 11.30 часот ќе биде претставен првиот том од првиот „Македонски етимолошки речник“, издание на Институтот.

– „Македонскиот етимолошки речник“ е од особено значење за македонскиот јазик бидејќи претставува научно втемелено сведоштво за историскиот развој на македонскиот јазик, нуди научно аргументирана анализа на потеклото на македонските зборови, поставени во поширок словенски и индоевропски контекст. Речникот придонесува да се зајакне научната и културната самосвест и претставува достоен промотор за меѓународна афирмација на македонскиот јазик како самостоен словенски јазик со сопствена историска и етимолошка традиција. Со тоа, Речникот се вградува во темелите на македонското културно и научно наследство и претставува дело со трајна вредност – велат од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Делото ќе го претстават проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот и проф. д-р Гоце Цветановски, научен советник во Институтот и автор на Речникот.

Зачлени се на нашиот е-билтен