СДСМ: Свиркач открива детали за тендерот во Пошта и како се испумпуваат 300.000 евра годишно

СДСМ

СДСМ денеска на прес конференција на генералниот секретар на партијата Александар Саша Димитријевиќ, објави дека граѓаните се поактивно се вклучуваа во борбата против корупцијата и криминалот и до Антикоруцпискиот тим секојдневно пристигнуваат пријави.

АКТ веќе го објави скандалот за тендерот од 1,2 милиони евра кои го добива фирма БС КЛИНИНГ ДООЕЛ блиска до ЗНАМ од Пошта кој беше пријавен преку плтформата МИЦКО.мк, а денеска беа прочитани наводи од писмо на вработен во Пошта А.Д. за основано сомнение за тоа како преку овој тендер се испумпуваат пари од граѓаните.

Во продолжение обраќањето на генералниот секретар на партијата Александар Саша Димитријевиќ од прес конференцијата во целост:

„Пријавувам организирана кражба на 25.000 евра евра месечно или 300.000 евра годишно преку договорот со фирмата БС КЛИНИНГ ДООЕЛ“, наведува свиркачот, вработен во Пошта во писмото.

Според тендерот за хигиена во сите 14 поштенски подружници задолжително треба да има по 2 хигиеничари/ки а во Пошта 2 задолжително по 10 хигиеничари.

А каква е реалната состојба? Само во 4-5 подужници има по 2 и работата само неколку часа дневно. Во другите 10 подружници има само по 1. Во Пошта 2 само 6-7. Значи постојано недостасуваат околу 14 хигиеничари.

Спроед тендерот треба да има во сите 14 подружници по 2 хигиеничари.

И така, преку константен недостатокот на 14 хигиеничари како и скратеното работно време на останатите кој реално работат, доаѓаме до пресметката за тоа колку пари месечно е загубата, ако се земе предвид дека за сите хигеничари (и тие што не работат и тие што работат само неколку часа во денот) се плаќаат целосни износи, согласно спецификацијата и договорот склучен со АД Пошта.

„Месечен трошок за еден хигиеничар е над 40.000 денари“.

Недостауваат 14 хигиеничри, значи тоа се над 560.000 денеари месечно.

Постоечките 25-26 хигиениари работат само 50% од времето, тоа се нови 550.000 денари.

Заедно со другите давачки уште 200.000 денари доаѓаме до речиси 25.000 евра месечно.

Тоа се 300.000 евра годишно!  Ете ја шемата, ете ја корупцијата.

Како се прикрива ова?

Според писмото на вработениот во Пошта, со потпишување на лажни дневници за целосно отсустните  хиниеничари и со лажни извештати за реализирани генерални чистења, кој воопшто не се реализираат а вработените работат во прљавштина и супстандардни услови.

Почитувани,

Сите овие наводи ги објавуваме, заедно со целата содржина на писмото и бараме Јавното обвинителство да отвори истрага и да ги истражи по допрен глас.

Во чии џепови завршуваат испумпаните пари? Кој ќе одговара? АКТ продолжува со откривање на сите криминални тендери. Институциите мора да постапат, порачуваат од СДСМ и велат работата не е завршена.

Зачлени се на нашиот е-билтен