Македонските актери Митиќ и Ангелов настапија во Атеље 212 во Белград

Како резултат на соработката меѓу шоуто „Глумците пеат” и култниот белградски театар Атеље 212, во рамки на традиционалната предновогодишна манифестација „Брод плови за Београд„, синоќа и вечерва настапуваат двајца македонски актери – Игор Ангелов и Ања Митиќ.

„Брод плови за Београд” е култна предновогодишна манифестација на Атеље 212, со исклучителен интерес од публиката а билетите традиционално се распродаваат за неколку минути. Настанот е авторска идеја на доајенката Горица Поповиќ, а се реализира под уметничко водство на Светозар Цветковиќ.

На првата вечер, настапот на Ања и Игор беше дочекан со овации од белградската публика. Во друштво на најпознатите белградски актерски имиња, тие ја освоија белградската публика, но и колегите со кои ја делеа сцената.

Настапот на нашите актери во рамки на оваа реномирана манифестација претставува значаен момент за видливоста на домашната актерска сцена надвор од земјата и повод за искрена професионална гордост.

Белградското гостување е вовед во продлабочување на соработката, веќе на следното издание на „Глумците пеат” во март, велат оттаму.

Зачлени се на нашиот е-билтен