Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ), во партнерство со ПроКредит Банка Скопје, го поттикнуваат пристапот до финансирање на мали и средни претпријатија (МСП) во Северна Македонија.
ЕБОР потпиша договор со кој ќе и обезбеди на ПроКредит Банка гаранцијата на ниво на портфолио во износ од максимум 25 милиони евра. Гаранцијата ќе покрие до 50 отсто од кредитниот ризик на новите кредити одобрени од ПроКредит Банка, и со тоа ќе овозможи нови 50 милиони евра поддршка на МСП.
Гаранцијата е подджрана со техничка помош и контра гаранцијата Европски фонд за одржлив развој плус (ЕФОР) (European Fund for Sustainable Development Plus- EFSDP) на Европската Унија. Програмата е наменета за деловниот сектор кој нема доволно пристап до финансирање, а тука спаѓаат бизниси управувани од жени и млади предприемачи, и рурални ММСП, кои се наменети за зајакнување на инклузивен економски развој.
Преку споделување на дел од ризикот, ЕБОР и ЕУ и помагаат на ПроКредит да ја зајакне отпорноста и да го зголеми кредитирањето.
Програмата – Гаранцијата за нефинансирано портфолио го проширува спектарот на финансиски продукти на ЕБОР, со иновативни решенија креирани за намалување на ризикот за партнерските финансиски институции на ЕБОР и справување со финансиските јазови за ММСП.
Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија изјави: ,,Ова партнерство со ПроКредит Банка Скопје, поддржано од Европската Унија, означува важен чекор кон проширување на пристапот за финансирање на помалку поддржаните бизниси во Северна Македонија. Преку споделување на ризикот и воведување на иновативни финансиски алатки со техничка помош која е наменски одобрена, им помагаме на МСП да инвестираат со сигурност во сопствениот раст и отпорност. Ова претставува инклузивно и одржливо финансирање на ЕБОР, која што е посветена кон унапредување на целиот Западен Балкан”.
„Оваа иницијатива преку гарантна шема придонесува за поголема поддршка на микро, малите и средните претпријатија во Северна Македонија и претставува важен чекор во нивниот понатамошен развој. Таа е уште еден доказ за нашата повеќегодишна и стабилна соработка со Европската банка за обнова и развој, поддржана од Европската Унија, како и за нашата долгорочна посветеност кон развојот на реалната економија. Преку оваа гаранција, банката добива дополнителна поддршка за кредитирање на сегменти кои традиционално имаат ограничен пристап до финансирање, особено бизниси управувани од жени и млади претприемачи, како и рурални микро, мали и средни претпријатија. Веруваме дека ваквиот пристап ќе придонесе за зајакнување на нивната отпорност и ќе овозможи одржлив и долгорочен раст“, изјави Милан Дамчевски, Член на Управен одбор на ПроКредит Банка.
ЕБОР е водечки институционален инвеститор во Северна Македонија, со инвестирани повеќе од 3 милијарди евра, во поддршка на одржливиот развој, инфраструктрата, растот на приватниот сектор и регионална интеграција на земјата.