За СДСМ Деспотовски е класичен петоколонаш и квислинг

СДСМ

Како класичен петоколонаш и квислинг Деспотовски продолжи со нападите на СДСМ. Јавноста и членовите гледаат дека ова е продолжение на планот на предавничката коалиција ВМРО-ЗНАМ за напади и уривање на СДСМ, се истакнува во соопштението на СДСМ.

Според оваа опозициска партија, Деспотовски го избрал моментот кога партијата се стабилизираше, напредуваше и доби голема поддршка од јавноста за борбата против криминалот и корупцијата на ВМРО-ЗНАМ и договорите „мигранти за пари“, се наведува во реакцијата. 

„Додека ние ги разоткриваме криминалните шеми на ВМРО-ЗНАМ, тој со нив прави договор против СДСМ Деспотовски прави дил со оние што сакаат да ја срушат СДСМ, повторно заради личен интерес. Човек кој во партијата никогаш не бил активен, кој за партијата и за партиските другари практично не постоел“, оценуваат од СДСМ.

Доказите СДСМ јавно ги објави, укажуваат од оваа партија, откако прво излегуваа текстови на порталот на Геро против СДСМ и во одбрана на Деспотовски.

„Кој може да верува дека е добронамерно јавното напаѓање на сопствената партија во моментите на најжестока борба против криминалот и корупцијата? Против договорите ‘мигранти за пари’?“, прашува СДСМ.

Во соопштението се нагласува дека партијата отсекогаш била место за разговор, дека СДСМ е позната по внатрешната демократија, а не напаѓање преку медиумите.

„Политички фронт сега е јасен. Тој е со ВМРО-ЗНАМ и со координаторот на медиумските напади, Геро, против СДСМ! Се обидоа да ја дестабилизираат партијата но не успеаја. Разоткриени се целосно“, се потенцира во соопштението на СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен