Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека неговата цел е да настапи на Летните Олимписките игри (ЛОИ) во Лос Анџелес, кои ќе се одржат во 2028 година.
„Навистина, сакам да продолжам. Реков дека мојата цел е Лос Анџелес во 2028 година и Олимписките игри. Но, знаете што, нема ограничување за мене. Ќе видиме. Знаете што мислам? Јас само продолжувам. Обожавам да ја удрам тениската топка и сакам да се натпреварувам. Им кажав на момците со кои разговарав, големите имиња во фудбалот, дека навистина сè е околу страста и љубовта. Сè додека навистина чувствувате дека играте на високо ниво и вашето тело ве служи – зошто да не“, истакна 38-годишниот Ѓоковиќ во изјава која ја пренесуваат српските медиуми.
Ѓоковиќ во моментов се наоѓа во Дубаи, каде во неделата му беше врачена наградата „„Globe Sports Award”за достигнувања во спортот.