Запленети над 6.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар

На 30.12.2025 година, по преземени оперативно-тактички мерки од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, на улицата „192“ на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, пронајдени и одземени се околу 6.000 различни парчиња пиротехнички средства.

Известен е Јавен обвинител, пиротехниката е одземена за понатамошна постапка, а против лицата кои ја продавале пиротехниката ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштуваат од МВР

Зачлени се на нашиот е-билтен