Европски војници пристигнаа во Гренланд

Британската јавна служба објави дека европското крило на НАТО испраќа само неколку војници, како дел од операцијата „Арктичка издржливост“, која ја организира Данска.

Воените контингенти на неколку европски земји почнаа да пристигнуваат во Гренланд, но станува збор за мал број војници, кои се во таканаречена извидувачка мисија, објави денес Би-Би-Си.

Ограниченото распоредување, во кое учествуваат Германија, Шведска, Норвешка, Финска, Холандија и Велика Британија, доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп продолжува да ги истакнува своите претензии кон арктичкиот остров, кој е автономен дел од Данска.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека почетниот контингент наскоро ќе биде засилен со „копнени, воздушни и морски средства“.

Првичниот број француски војници вклучува 15 лица, кои беа избрани неколку часа откако министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд во среда разговараа во Вашингтон со потпретседателот на САД Џ. Д. Венс и државниот секретар Марко Рубио.

По средбата, данскиот министер Ларс Локе Расмусен изјави дека разговорите биле конструктивни, но дека двете страни забележале фундаментално несогласување.

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека неговата земја нема планови да се придружи на европското воено присуство на Гренланд, но предупреди дека американска воена интервенција на островот би била „политичка катастрофа“.
Британската јавна служба објави дека европското крило на НАТО испраќа само неколку војници, како дел од операцијата „Арктичка издржливост“, која ја организира Данска.

Финска испраќа двајца офицери за врска, додека Германија испраќа транспортен авион А 400 М со 13 војници, на кои им е кажано дека можат да останат на Гренланд само до сабота, според Би-Би-Си.

Зачлени се на нашиот е-билтен