Голем пожар по експлозија на зграда во Холандија, неколку лица повредени: „Не знаеме дали има луѓе под урнатините“

„Не сме сигурни дали има уште луѓе заробени под урнатините. Полицијата работи напорно на истрагата“, изјави градоначалничката Шерон Дијксма.

Неколку лица се повредени откако голема експлозија предизвика пожар во зграда во центарот на Утрехт, еден од најголемите холандски градови.

„По експлозијата се урнаа неколку згради. Четири лица се повредени и се однесени во болница на лекување“, објавија локалните власти на нивната веб-страница.

Пожарот вечерва сè уште беснее. Не е познато дали сè уште има луѓе во зградата што беше зафатена од пламенот бидејќи не беше безбедно пожарникарите да влезат во неа.

„Не сме сигурни дали има уште луѓе заробени под урнатините. Полицијата работи напорно на истрагата“, изјави градоначалничката Шерон Дијксма.

Локалните власти соопштија дека имало голема штета во овој густо населен дел од градот, додавајќи дека причината за експлозијата сè уште е непозната.

Жителите кои морале да ги напуштат своите домови од безбедносни причини биле сместени во хотел во близина.

Зачлени се на нашиот е-билтен