Снегот не е изненадување во зима – подготвеноста е наша обврска! Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на градот.
Вака се фали градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на социјалнитре мрежи и уште вели дека „со цел навремена и ефикасна реакција, кризниот штаб е активиран 24 часа дневно, со континуирано следење и детектирање на сите клучни и критични точки“. Безбедноста на граѓаните е наш приоритет, вели градоначалникот.
Од друга страна, граѓаните со лавина од коментари го потрупаа неговиот ПР и го прават ПаРтали.
Еве само дел од нив:
Кај луѓето се заглавени од сабајле во долгите колони заради неисчистени улици, уште овој мајтап им треба.
Затоа цела Партизанска беше замрзната од Влае до Центар. Пошо бевте спремни, вода да не фрлавте наместо сол? Зелки недозелкани.

Снег од 3cm ве изненади , целосен хаос во градот и тоа е ФАКТ , тотална неажурност на службите или може заспаа во 4h дежурајќи цела ноќ , а вие уште се фалите, Срамота.
Така се лажете у штаб? пардон, кабинет. Ни срам ни перде


Со сликање на камионите за чистење снег не се чисти снегот Општина Аеродром катастрофаСериозно?! Може ќе ви поверуваат тие шо утрово не беа во Скопје..
Во последниов пасус заборавивте да пишете дека мислите на зимата во 2036та најверојатно.


ako ne ve iznenadi zaso se izliga avtobus u kozle poso bese iscistena ulicata ili taka mu se kefna na soferot
Zelenikovo 67 trgnuva vo 6 ,od zelenikovo a stasavme vo 8,30 vo Skopje so navrnati 3 sm sneg plus avtobusive vi se bez parno