Бронзен медал за Рељиќ во таеквондо натпревар во Емиратите

Македонката Милијана Рељиќ освои бронзен медал на таеквондо натпревар Фуџурија Г-2 Опен во Обединетите Арапски Емирати. 

Поради добрата ранг позиција, Мила не се натпреваруваше во првото коло и ја чекаше подобрата противничка меѓу Кумари Аканша од Индија и Ју Јеук Чан од Хонг Конг. Во второто коло, Мила ја победи Ју Јеук Чан од Хонг Конг со 2:0 во рунди. Потоа, во борбата за бронзен медал Мила ја победи Олимпијката Нада Лаарај од Мароко, исто така, со 2:0 во рунди. 

„Со оваа победа Мила ја докажа светската и олимписката класа дека може да победи која било противничка на планетава. Во полуфиналето се сретна со Иранката Косар Асасех, но по само 10 секунди борба Мила, повторно истегна мускул и поради повреда мораше да ја предаде борбата.  Како и да е, ова се нови високи 7.20 поени за олимписката и светската ранкинг листа. Мила фуриозно ја почнува оваа сезона со БРОНЗЕН медал на еден од најсилните турнири во Азија”, објаснува нејзиниот тренер Александар Ефтимов.

Зачлени се на нашиот е-билтен