Општина Струмица ги повика граѓаните да пријават шетети од излевање на реки

Сите граѓани кои претрпеле штети треба да поднесат Барање до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата од природни непогоди и други несреќи при Општина Струмица, во периодот од 02.02.2026 до 10.02.2026 година.

Општина Струмица преку соопштение до јавноста ги повикува граѓаните да достават пријави за штети настанати како последица на излевање на реки од нивните речни корита на 26.01.2026 година и 27.01.2027 година во населените места на територијата на Општина Струмица.

Сите граѓани кои претрпеле штети треба да поднесат Барање до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата од природни непогоди и други несреќи при Општина Струмица, во периодот од 02.02.2026 до 10.02.2026 година.

Образецот на Барањето може да се подигне во соба број 7 во просториите на Општина Струмица, а ќе биде достапен и за преземање преку линк објавен на официјалната веб-страница на општината.

Барањето задолжително треба да биде поднесено со комплетна документација, која вклучува:

  • Имотен лист на име на барателот (не постар од 6 месеци), договор за закуп (доколку постои право на закуп) или решение за оставинска постапка;
  • Изјава заверена кај нотар дека објектот или имотот не е осигуран во осигурителна компанија;
  • Копија од лична карта и трансакциска сметка на барателот;
  • Доказ за оштетениот или уништениот имот – објектот мора да биде запишан во Имотен лист; земјоделското земјиште како нива, а овоштарникот како овоштарник. Во спротивно, барањето нема да биде разгледувано и нема да се врши процена на штетата.

Од Општина Струмица информираат дека Комисијата ќе постапува по поднесените барања согласно важечките законски прописи.

Зачлени се на нашиот е-билтен