Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ескобар до Србија и Косово: Свртувањето грб на договорот значи вртење грб на Европа, со сите последици

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска изјави дека во разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ јасно укажал дека вртењето грб на договорот значи вртење грб на Европа, со сите последици во однос на неуспехот, на понатамошни интеграции и поблиска соработка со Европа, што, како што беше истакнато, сама по себе е сериозна последица.

„Пред се, мора веднаш да ги смириме тензиите, што значи дека се надеваме дека градоначалниците нема да се обидат да ги користат тие општински згради и дека косовската полиција ќе се повлече од зградите, но и дека српските демонстранти ќе ги напуштат тие локации. И ако има нови избори, а кога има нови избори, Србите треба да учествуваат на нив без никакви предуслови“, рече Ескобар.

Тој посочи дека претседателот Вучиќ рекол дека ќе направи се за да го искористи своето влијание Србите повторно да учествуваат на изборите на северот на Косово.

Габриел Ескобар денеска изјави дека формирањето на Заедницата на српските општини е законски услов за владата во Приштина и додаде дека новите избори на северот на Косово не треба да чекаат до крајот на јули.

„Значи, јас зборувам за фактите. Тоа е во договорот од Брисел, во заклучоците на Европскиот совет, во Охридскиот договор. Тоа не е договор меѓу Курти и Србија, туку Косово и Србија. Ако Косово сака да се приклучи на процес на евроатлантска интеграција, мора да го исполни. Прашање е дали ќе се реализира сега или во рамките на идната влада“, рече Ескобар на прес-конференција во Белград.

Тој посочи дека Охридскиот договор е „сеопфатен“ за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Зачлени се на нашиот е-билтен