Генијалец и омразен шеф: Зошто вработените тешко го поднесуваа Стив Џобс“

Џобс, со години негираше дека бил татко на девојче, принудувајќи ја неа и нејзината мајка да живеат од социјална помош.

Стив Џобс беше контроверзна личност, додека многумина го сметаа за гениј, неговиот бескомпромисен и критички став, како и неговите барања кон вработените, доведоа до солзи и омраза кај многу работници во компанијата.

Дури и денес, Џобс е синоним за иновација и успех, но многумина не го паметат по добро. Тој беше познат по тоа што без двоумење го искажуваше своето мислење за работата на своите вработени, честопати јавно критикувајќи ги и деградирајќи ги.

Тој знаеше како да ги понижи дури и своите најблиски соработници пред широка публика, да ги доведе луѓето до солзи и да биде многу груб кон сите. Многумина се прашуваа дали овој гениј е социопат, или барем мегаломан. Еве зошто:

Еднаш отпушти многу луѓе од Пиксар без никакво предупредување. Кога еден од вработените го праша дали може да добие две недели одмор, тој наводно одговорил: „Добро, но се смета ретроактивно за последните две недели“.
Кога производот Mobile Me не ги даде очекуваните резултати, тој собра вработени од целиот Apple и ги праша: „Зошто не функционира?“ Потоа го отпушти раководителот на тој проект пред сите, дури и пцуејќи го.

Тој негираше дека бил татко на девојче со години, принудувајќи ја неа и нејзината мајка да живеат од државна помош.
Ги прекина сите филантропски и добротворни програми што Apple ги негуваше веднаш штом се врати во компанијата во 1997 година. Програмите беа рестартирани дури од неговиот наследник, Тим Кук.

Том Мекникол од „Атлантик“ вели дека „Лошиот Стив“ бил „намќорест, груб, гаден човек опседнат со контрола, на кого не му пречело да ги понижува вработените, да си зема заслуги за работа што не ја завршил, да се фрла во оган кога нешто не му било по ум и да го паркира својот Мерцедес на место за хендикепирани лица“.

Џони Ив, кој работеше во дизајнерскиот тим на Apple и беше пријател на Џобс, го опиша профилот на технолошкиот гуру за „Њујоркер“. Тој вели дека пред многу години застанал на страната на колега кого Џобс почнал да го понижува пред сите. Сепак, Џобс му возвратил: „Зошто би сакал да бидеш непристрасен? Не те интересира како се чувствуваат. Само си суетен и сакаш да бидеш сакан.“

Зачлени се на нашиот е-билтен