Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, кој тврди дека има одличното здравје, вели дека претседателските кандидати имаат обврска да бидат здрави, а за резултатите од неговите тестови зборуваше и во разни емисии. Откако темата повторно беше актуелна, особено на сметка на портокаловата боја на кожата, што е очигледна кај Трамп, многу луѓе сакаат да знаат што јадје американскиот претседател.
Доналд Трамп не е пребирлив кога станува збор за храната. За разлика од многу претседателски кандидати, кои имаат лични готвачи и специјални менија секој ден, Трамп ужива во брза храна, исто како и секој Американец. Сепак, ова не го брише фактот дека многумина се изненадени од неговата исхрана. Еве што јаде во еден ден:

Прескокнува појадок
Доналд Трамп му кажа на Џеси Волтерс од Фокс њуз во 2016 година дека го прескокнува појадокот секогаш кога може. Во повеќето случаи, ручекот му е првиот оброк, а омилен оброк во денот е вечерата. Сепак, понекогаш одлучува да појадува, а потоа обично избира јајца и сланина, житарки или МекМафин од Мекдоналдс. Трамп никогаш не пие чај или кафе.
Стекот е омилено јадење
Навиките за јадење на Доналд Трамп беа откриени во книгата „Нека Трамп биде Трамп“ напишана од поранешниот менаџер на кампањата Кори Левандовски. Тој тврди дека претседателот често може да издржи 14 до 16 часа без да јаде. Тој е голем обожавател на месен леб, а ова е познато од 2005 година, кога тој и Меланија се појавија како гости на Марта Стјуарт. Таму подготвија оброк, за кој Трамп рече дека му е омилен.

Ништо без брза храна
Доналд Трамп јаде брза храна речиси секој ден, вклучувајќи ги Мекдоналдс, Бургер Кинг и КФЦ. За вечера, тој обично избира Мекдоналдс, а потоа нарачува два Биг Мек, два Филе-О-Фиш и мал чоколаден шејк. Пицата е исто така дел од неговата исхрана, но никогаш не јаде кора. Обожава хамбургери, за кои бара да бидат добро печени, а како прилог зема кечап.
Не пие кафе или чај, но затоа сака да пие Диет Кока-Кола наутро. Наводно, за време на неговиот прв мандат во Белата куќа, имал инсталирано копче за Диет Кока-Кола, кое му го носеле до 12 пати на ден. Со неа, тој обожава да јаде грицки, особено чипс. Патем, Трамп наводно отвора ново пакување грицки секој пат, дури и ако има повеќе во претходната кеса. Тој го прави ова затоа што има голем страв од бактерии.