Мицкоски остварил средба со Зеленски

Мицкоски

Во Минхен остварив средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, напиша на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски.

„Разговаравме за актуелните безбедносни предизвици во Европа, за потребата од единство и солидарност, но пред сè за праведен мир“, истакнува Мицкоски во својата објава.

Тој уште напиша дека ”мирот мора да биде изграден врз правда, почитување на достоинството на народите. Само таков мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа“.

„Воедно, разговаравме и за продлабочување на соработката, економска размена и поддршка во процесите за напредок на државите. Напредокот е можен кога има визија, храброст и јасна определба. Македонија ќе продолжи да биде глас на разумот, партнер на стабилноста и поддржувач на праведниот мир“, се вели во објавата на премиерот Мицкоски за средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски на Минхенската безбедносна конференција.

Зачлени се на нашиот е-билтен