Мијалков демантира дека поседувал земјиште во Морани

Мијалков
Село Морани, Од Македонец — сопствено дело, CC BY-SA 3.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=19219085

Од адвокатската канцеларија, која го застапува поранешнио директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија Сашо Мијалков, демантираат дека тој некогаш поседувал земјиште во Морани, за што Рацин.мк објави текст со наслов „Плацот во Морани пак на продажба: државата го продава имотот на Мијалков“.

„Вистината е дека никогаш не сум го поседувал и немам никаква поврзаност со тоа земјиште и заради тоа не можело да ми биде конфискувано, и тоа еднаш веќе категоришно го демантираше Мијалков откако беше објавена претходната понуда“, се вели во демантот на адвокатската канцеларија на Сашо Мијалков.

Зачлени се на нашиот е-билтен