На 13 јуни 2025 година, Град Скопје објави оглас доделување на финансиски средства на граѓаните што живеат на подрачјето на Град Скопје, наменети за субвенционирање дел од трошоците направени при купување нов велосипед во текот на 2025 година.
Повикот предвидуваше Градот Скопје да субвенционира средства во максимален износ од 5.000,00 денари по лице, во кој е вклучен и данокот на личен доход. Средствата се обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2025 година, во вкупен износ од 3.000.000,00 денари.
Беше објавено дека јавниот повик ќе трае од денот на неговото објавување сѐ до исцрпување на предвидените финансиски средства од буџетот на Град Скопје за оваа намена, но не подоцна од 31 октомври 2025 година – зависно од тоа кој услов ќе настапи прв.
Од тогаш, од 13 јуни 2025, поминаа 8 месеци, а од Град Скопје нема ниту глас за тоа дали е завршен и реализиран повикот, односно субвенционирањето на купување нов велосипед.
На мејлот на Рацин.мк, во неколку наврати пристигнаа барања од скопјани да го провериме ова прашање затоа што иако тие аплицирале немаат никакво известување за постапката. Ниту до нив лично, ниту на платформите за информирање на граѓаните на Град Скопје.
Во текот на вчерашниот ден, упте рано наутро, испративме прашања за ова до Град Скопје, но од тамѕ, до објавувањето на овој текст, нема одговори.
Затоа прашуваме и на овој начин: Зошто нема информација за постапката за доделување на финансиски средства за субвенционирање дел од трошоците за купување нов велосипед? Каде се 3.000.000 милиони денари, односно нешто повеќе од 45.000 евра?
Прегледот на преходните повици за субвенцинирање купување велосиспед, укажува дека секогаш имало редовно информирање за крајот на постпката и за начинот на кој граѓаните кои се сткенале со субвенции можат да ги искористат средствата? Каде се парите?