Вчера на Јахорина, планина во близина на Сараево, во Босна и Херцеговина се одвивала вистинска драма кога едно дете беше оставено да виси од корпата на жичарницата, а потоа падна на земја.
Според видеото што се појави на социјалните мрежи, сè траеше само неколку секунди. Во еден момент, детето падна од корпата, додека присутните скијачи, кои случајно се нашле под жичарницата, се обидоа да го фатат и да го ублажат падот, без да успеат.
Засега не е познато како се случил инцидентот, ниту од која причина детето паднало од жичарницата. Околностите на несреќата ќе бидат познати по официјалните информации од надлежните служби кои се очекуваат денеска.
Како што објави телевизијата БН, на местото на настанот имало паника, а сведоците велат дека сè се случило исклучително брзо. Се чекаат повеќе детали за здравствената состојба на детето и евентуалната одговорност.