Владата на Мицкоски, во обид да го оправда неговото луксузирање со владиниот авион на Јадранско море соопшти јавно дека наводно „авионот бил користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење“, и дека „секое користење е евидентирано, документирано“.
Ако навистина авионот бил користен согласно процедурите, бараме Владата да го докаже тоа, побараа денеска од СДСМ. „Бараме Владата да го објави списокот на патници, кој бил заедно со Мицкоски во владинот авион“.
Преходно од СДСМ реагираа и на изјавата на Мицкоски дека кога лета со владиниот авион, наводно се плаши за својот живот и дека „се моли на Бога да останат живи“ кога лета.
Ако тоа е вистина, посочуваат од оваа партија, тогаш се поставува суштинско прашање: Како можел тогаш во таков авион да го стави своето семејство и да ги ризикува нивните животи заради приватен одмор? Освен што злоупотребил државни ресурси за приватни потреби, го ставил ли и семејството во ризик?