Портпаролката на Владата Марија Митева се стави самата себе си во „офсајд“, фудбалски во недозволена позиција, кога вчера во дебатна емисија со Андреј Жерновски од СДСМ на ТВ Канал, 5 соопшти информација од судски процес којшто е во тек.
Реченицата што откри дека Митева има информација од судот гласеше: „Само немојте како изгубената жалба против претседателката Сиљановска…“, на реакцијата дека постапката е во процес, Митева заглави уште повеќе кога рече „моите информации говорат дека ви е изгубена жалбата“.
На инсистирањето на Жерновски да каже од каде и се информациите за предмет во суд, таа се повлече и рече „гласините велат“, со што уште повеќе се вплетка во сопствената манипулација затоа што како претставник на владата користи „гласини“.
СДСМ го оцени како скандал тоа шро портпаролката на Владата, Митева има информации од суд за процес којшто се уште трае.