Андреј Жерновски, секретар за меѓународна соработка на СДСМ, денеска на прес конференција реагираше на скандалозно признание на портпаролката на Владата Марија Митева, која фактички потврди она што СДСМ цело време го кажува тоа дека судската власт во нашата држава е директно под контрола на извршната власт.
Во продолжение обраќањето на Жерновски на прес конференцијата:
Вчера имавме доказ пред граѓаните јавно на една дебата на реновирана телевизиска куќа дека Мицковски го контролира судството.
Портпаролката на владата има податоци за мојот процес против МНР, процес којшто сеуште не е завршен. Она имаше податоци за тоа каква е пресудата. Значи јас пресудата не ја дознав од адвокатите, не ја дознав од судот, туку ја дознав од владата на нашата држава којашто ги има податоците не само за предметот, туку каков е и текот на самиот процес.
Ова се зборовите. „Само немојте како изгубената жалба против претседателката Силјановска“, односно „моите информации„, ја цитирам портпаролката, “говорат декави е изгубена жалбата“.
Тоа значи дека владата на Мицковски има информации од судот за самиот процес. Ова всушност значи дека процесиците во судството, особено против владата, против органите, против министерствата, пресудите се донесени пред да биде воопшто разен самиот предмет. Ова е еден голем скандал ќе потенцирам.
И ние нема да застанеме тука, ќе го отвараме до крај, затоа што очекуваме понатамошна истрага за тоа кој судија или кој од владата ги има овие информации. Даваме нон-стоп примери за тоа што се случува со судството.
Ова вчера беше само една потврда за тоа што СДСМ го зборува цело време, но да повториме. Го сменија јавниот обвинител под притисок. Сопруга на градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ е назначен за член на Судскиот совет. А вчера и завчера имавме можност да видиме дека и советникот на премиерот Мицкоски за правни работи станува сега и член на Уставниот суд.
Треба ли уште докази за тоа што СДСМ го тврди цело време? Се разбира, Мицковски од собраниската служба им кажува што да прават, како да прават и на крај какви да бидат пресудите.
Зошто служи сето ова? Зошто ја држиме денешната прес-конференција? За да укажеме дека овака се заплашуваат граѓаните, се заплашува опозицијата постојано и тоа со обвинителство, со тужби, со пресуди.
Тоа за нас од опозицијата е секојдневие, а сега стана секојдневие и за оние што ги претставуваат синдикатите. Дозволете на крајот да ви кажам дека од името на СДСМ дека ова е модел кој со нас ни е многу добро познат. Ова е модел за заплашување и пресметка со опозицијата, но сега и пресметка со граѓаните.
Не е само опозицијата во прашање. Безбедносни служби се користат и за следење на неистомисленици. Тоа ние од СДСМ најдобро го знаат.
Пак ќе кажам сега го знаат и они од синдикатот. Служби за безбедност, обвинителство, судство. медиуми. Звучи познато, се разбира тоа се методите на секое владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Исто како во времето на оној на којшто морам да му го споменам името и на којшто режим повторно почна да не потсетуваат овие денови. Тоа е режимот на Груевски.
Затоа и авионот нонстоп оди до Будимпешта кај Груевски. Не е битно кој е пилотот. Битно е што контролорот на летање на владиниот авион е Никола Груевски. Така да од сега кога ќе слушнете Груевски како вели она на М веќе не мисли ниту на Мерцедес ниту на Мајбах. Денеска она на М е Мицкоски.
За крај сакам да им порачам на граѓаните да не се заплашуваат од овие притисоци бидејќи ќе победиме. Режимите во едно се разликуваат и во едно се слични. Слични се во тоа што фактички тој режим исто завршува. Различен е стилот, различен начинот. Некои се поотворени, некои се позатворени, но исто завршуваат. Завршуваат победени од граѓаните.