В.Д амбасадорката на САД Никол Варнс, доаѓајќи на нејзината должност во американската мисија во Скопје, донесе и робот за деактивирање бомби, вклучително со високософистицирана опрема, во вредност од околу еден милион евра, како грант за МВР, односно за Едницата за откривање и демонтирање на екслпзивни средства и направи.
Станува збор за модел од најновата генерација на роботи Caliber Flex, а производител е, вусшност, канадската компанија ICOR Technology. Роботите Caliber Flex ги користат безбедносните сили во повеќе од 55 земји ширум светот.
Flex станува е петтиот член на семејството CALIBER на висококвалитетни, иновативни, економични ICOR роботи за мисии за деактивирање бомби.
Caliber роботите се технолошки опремени за справување со импровизирани екслпозивни направи, неексплодирани минско експлозивни и други убојни средства. Во опремата се вклучени бомбашки одела, телескопски манипулативни раце, детектори на експлозивни средства, фибер оптички камери, рендген апарати за откривање на експлозивни средства, како и специјализирано возило за пренос на опремата.
Компанијата обезбедува обуки на припадниците на безбедносните сили.
Како најнапреден робот на ICOR досега, Flex тежи 107 кг, има капацитет за кревање од 36 кг и доаѓа со следниве дополнителни врвни технички карактеристики:
Caliber Flex ima RF (радио-фреквенции) систем за лесно распоредување и конфигурација во сите земји, без оглед на нивните национални RF регулативи
IP mesh мрежата обезбедува поголем опсег, исклучително остри и јасни слики за теренот на кој треба да биде извршена оперативната задача за деактивирање на експлозивната направа.
Командна и контролна единица (CCU) е хибриден систем од интуитивен, лесен за користење LCD контролер на допир/гејмпад и долна платформа со копчиња и џојстици со кои техничарите за бомби можат истовремено да ги контролираат лактот, рамото и зглобот на раката на роботот.
Системот има интегрирани можности за снимање слики од екранот, снимање видео и двонасочно аудио.
Повеќекратните, претходно поставени поставки на допир со едно копче, овозможуваат брзо распоредување и копче „Стави дома“ за да го врати роботот од која било позиција во складираната положба.
Систем за управување овозможува искачување по скали, а робусните предни и задни зглобни перки за искачување преку пречки го овозможуваат тоа со голема леснотија.
Caliber Flex го поедноставува насочувањето на оружјето со ласери и интегрирани LIDAR сензори коишто го мерат растојанието од цевките до целта. Има пет кола за пукање.
Како и многуте други производи на ICOR, и Caliber Flex е создаденen врз основа на повратни информации од клиентите, овозможувајќи ѝ на компанијата постојано да работи на развој на нови – па дури и прилагодени – решенија.