СДСМ: Мицкоски ја елиминираше Ленче Ристовска, следува целосно погребување на правдата и правната држава

СДСМ

СДСМ оценува дека промената на јавниот обвинител беше политичка цел на Мицкоски за воспоставување целосна контрола врз судството и обвинителството. Сега гo гледаме сценариото за изборот на нов јавен обвинител по мерка на Мицкоски, посочуваат од оваа партија. „Тој одлучува кој ќе биде назначен“.

Понатаму во реакцијата на СДСМ се вели:

Мицкоски ја елиминираше Ленче Ристовска –независната кандидатка за државен јавен обвинител.

Иако Ристовска доби максимални 10 од 10 поени од Советот на јавни обвинители и позитивна оценка за својата професионалност и стручност.

Мицкоски сам одлучува дека таа „не е во игра“, во живо, на телевизија.

Независен јавен обвинител не му одговара на Мицкоски затоа што не може да го контролира.

Професионалец со интегритет не му се вклопува во концептот.

Медиумскиот октпод на Орбан во Македонија и неговите 40% медиуми што ги контролира веќе ја слават елиминацијата на Ристовска. Не се крие ништо.

На кого веќе не му е јасно?

Ставаат обвинител под нивна контрола, сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд. Владата ги знае судските одлуки за процеси кои се уште не се завршени а Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат.

Следува целосно погребување на правдата и правната држава.

Исто како во времето на Никола Груевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен