Ескалира судирот меѓу Унгарија и Ураина: Орбан ја крена армијата

Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Украина планира да го наруши енергетскиот систем на Унгарија и нареди војската да биде распоредена околу критичната инфраструктура.

Неговата акција дополнително го ескалира спорот со Украина околу прекинот на нафтоводот „Дружба“, кој транспортира руска сурова нафта до Унгарија и Словачка – двете земји го обвинуваат Киев за долгорочниот прекин на снабдувањето на нивните рафинерии.

Украина: Прекин предизвикан од руски напад

Киев тврди дека прекинот е предизвикан од руски напад со беспилотно летало што ја погоди опремата на цевководот во западна Украина. По состанокот на Советот за национална безбедност, Орбан рече дека од 27 јануари Унгарија не добива нафта преку нафтоводот „Дружба“.

„Според сите информации, јасно е дека ова прекинување нема никаква врска со технички, туку со политички причини. На овој начин, украинската влада врши притисок врз Унгарија и Словачка“, рече Орбан.

Орбан: Ќе има повеќе потези од страна на Украина, наредив зголемена заштита. Ова значи испраќање војници

Тој додаде дека информациите од советот укажуваат дека ќе има „повеќе потези од страна на Украина за нарушување на унгарскиот енергетски систем“.

„Затоа наредив зголемена заштита на енергетската инфраструктура. Ова значи распоредување војници и опрема околу клучните енергетски објекти“, рече Орбан.

Воведена забрана за дронови на границата

Премиерот, исто така, воведе забрана за дронови во округот Саболч-Сатмар-Берег на унгарската страна од границата со Украина. „Унгарија нема да биде уценувана“, рече тој.

Унгарија треба да одржи избори на 12 април, на кои Орбан се кандидира за реизбор.

Анкета на Медијан, компанија позната по своите точни предвидувања, денес покажа дека унгарската централно-десничарска опозициска партија Тиса го зголемила своето водство пред Фидес на Орбан во февруари. Орбан ја обвинува Украина дека ја користи енергетската дестабилизација за да предизвика хаос во Унгарија пред изборите и да влијае на унгарската внатрешна политика.

Отворен конфликт со Украина и ЕУ: Орбан оди на сè или ништо

Да се ​​потсетиме дека Орбан одлучи дека му е потребен отворен конфликт со Брисел и Киев за да ја оживее неуспешната изборна кампања. Но, обидот да се прикаже главниот ривал Петер Маѓар како продолжена рака на Брисел и Киев не ги дава посакуваните резултати, пишува Политико.

Орбан, кој е на власт 15 години, според анкетите заостанува зад Маѓар пред изборите закажани за 12 април. Наместо да ги брани сопствените перформанси, тој започна напад врз двајца од неговите долгогодишни „страшила“ во надворешната политика: Брисел и украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави Политико денес во анализа на ситуацијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен