Техеран и Вашингтон денес во Женева ќе ја започнат третата рунда индиректни преговори за нуклеарната програма на Иран, со посредство на Оман.
Иранската делегација ја предводат министерот за надворешни работи Абас Арагчи, и специјалниот претставник на САД Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп.
Вашингтон сака да го спречи Техеран да произведува атомско оружје.
Иранската влада ги негира тврдењата дека има такви намери, но изрази подготвеност да ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за укинување на санкциите, според ДПА.
Техеран не сака да разговара за други теми предложени од САД, како што се ограничувањето на ракетниот арсенал на Иран и прекинувањето на поддршката за организацијата Хезболах во Либан.