Денеска во 11.00 часот, во организација на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе се одржи тркалезна маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“.
На настанот се предвидени голем број учесници и е од отворен карактер.
Тркалезната маса ќе се одржи во хотел Лимак, 6 кат, сала Лимра, и на настанот се поканети и медиумите.