Работник починал по пад од висина во Скопје

работник

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. 

Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал.

Од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен е увид и известен бил трудов инспектор.

Зачлени се на нашиот е-билтен