Софиското окружно обвинителство покрена предистражна постапка за смртна закана упатена кон претепаниот Христијан Пендиков во Охрид, изјави за БГНЕС портпаролката на главниот обвинител Сијка Милева.
Христијан Пендиков поднел пријава до надлежните во Министерството за внатрешни работи во Бугарија за тоа дека на социјална мрежа му била испратена заканувачка порака на македонски јазик, како и дека на интернет биле објавени негови фотографии со повици за насилство врз него.
Надлежниот обивнител, како што се вели во написот на БГНЕС, побарал да се извршат проверки на наводите во пријавата.
„Обвинителството на Република Бугарија ја претвори во своја кауза борбата против прекршоците од омраза, со кои се соочува и целата европска заедница“, коментира портпаролот на јавниот обвинител.