Ќе се наплаќа влез на Скопското Кале

Независноста
kallerna, CC BY-SA 4.0 , via Wikimedia Commons

За посета на Скопското Кале ќе се наплаќа влез откако локалитетот ќе биде целосно уреден и ставен во функција, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Според најавата, активностите за уредување на Калето треба да започнат годинава, а доколку работите се одвиваат според планот, локалитетот треба да добие нов изглед во текот на следната година.

„Нормално е дека ќе се наплаќа. Не сега, туку кога ќе биде пуштено, кога ќе биде средено, како што е секаде во светот“, рече Мицкоски.

Тој оцени дека сегашната состојба и досегашното хортикултурно уредување не го користат целосниот потенцијал на еден од најзначајните историски локалитети во Скопје.

Владата, според Мицкоски, ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка за уредување на Калето и негово претворање во позначајна туристичка атракција.

Планот е локалитетот да биде вклучен и во програмата за „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Црвено светло: суштински не го признава 778 (36%)
36 %
Чисто зелено: го признава без дилема 603 (28%)
28 %
Жолто светло: ставот на ЕУ останува нејасен 380 (18%)
18 %
Зелено со резерви: го признава, но не доволно уверливо 286 (13%)
13 %
Во магла сум: немам доволно информации 118 (5%)
5 %

Најчитано