Тешка несреќа на патот Кочани-Виница, едно лице загина

„Стоп за Усје“

Едно лице загина, а неколкумина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Кочани-Виница. Поради несреќата, сообраќајот на овој патен правец бил во прекин.

Според објавените информации, несреќата се случила околу 13:44 часот, при судир меѓу патнички возила „мазда“ и „фолксваген поло“. Едно лице починало на местото на несреќата, додека неколкумина повредени биле пренесени со возила на Итната медицинска помош во Општата болница во Кочани.

На местото на несреќата веднаш пристигнале полициски службеници, екипи на противпожарната служба и Итната медицинска помош. Надлежните служби вршат увид за да се утврдат причините и околностите под кои дошло до судирот.

Несреќата повторно ја отвори темата за безбедноста на патиштата во источниот дел од државата, особено на регионалните правци каде тешките сообраќајки често завршуваат со тешки последици. Засега не се соопштени повеќе детали за идентитетот на загинатото лице и за состојбата на повредените.

Зачлени се на нашиот е-билтен