„Паѓаат поглавја“: Црна Гора чекор поблиску до ЕУ

Гора
Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и еврокомесарката за проширување Марта Кос, Фото: Влада на Црна Гора

На Меѓувладината конференција во Брисел, Црна Гора привремено го затвори поглавјето 21 – трансевропската мрежа, во преговорите за пристапување со Европската Унија, пишува подгорички Вијести.

Европската комесарка за проширување Марта Кос истакна, пишува Вијести, дека напорната работа и посветеноста на Црна Гора се исплатија.

„Вашето достигнување денес е инспирација за сите земји во процесот на пристапување. Црна Гора е најнапредната земја во процесот на пристапување кон ЕУ. За да се избегне каква било забуна, мои драги пријатели во Црна Гора, го затвораме Поглавјето 21 – трансевропските мрежи. Им честитам на сите во Црна Гора“, рече Кос на прес-конференција по Меѓувладината конференција во Брисел, објави овој медиум.

Политиката на поглавјето на Трансевропската мрежа е насочена, пишува Вијести, кон подобрување и развој на сообраќајните, енергетските и телекомуникациските системи во согласност со европските стандарди.

По затворањето на ова поглавје, на Црна Гора ѝ останува да затвори уште 19 од 33 поглавја за да го заврши процесот на пристапување кон Унијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен