Ендре Бојтар за Независен.мк: Новата унгарска влада ќе одлучи кој ќе биде премиер на Македонија

Бајтар

Во интервју за онлајн медиумот Независен.мк, познатиот унгарски новинар Енфре Бојтар вели дека новата унгарска влада ќе одлучи кој ќе биде премиер на Македонија.

Тој ова го извлекува од можниот исход на изборите во Унгарија.

„Се чини дека следната влада во Унгарија, без разлика дали ќе ја предводи Орбан или Маѓар, ефикасно ќе одлучи кој ќе биде македонски премиер. Ако победи Орбан, Груевски веројатно ќе остане во Будимпешта. Но, ако победи Маѓар победи, тој би можел да биде екстрадиран во Македонија – а тоа би било проблем за Мицкоски“, вели Бојтар за Независен.мк.

Тој вели дека доколку дојде до промена на власта во Унгарија, можно е да има истрага за заемот на Унгарија за Македонија, како правна разрешница на овој случај.  

„Се надевам на тоа. Но, политичките мотиви се јасни дури и сега. Орбан сака да изгради политичко влијание во регионот и е подготвен да плати за тоа. Каматните стапки на кредитите што ги зема унгарската држава се околу 6 проценти, додека Орбан ѝ дава на Македонија кредит од 3,25 проценти. Разликата во цената е нешто што Орбан е подготвен да го плати за да го финансира политичкото влијание врз владата на Христијан Мицкоски“, истакнува унгарскиот новинар. „Политичките мотиви за евтините кредити на Орбан за Македонија се јасни: Тој е подготвен да плати за да има политичко влијание врз владата на Мицкоски“.

Независен.мк го прашаа Бојтар дали Мицкоски може да биде мирен ако победи Петер Маѓар и дали тоа отвора можност Груевски да биде екстрадиран во Македонија да ја одлежи затворската казна.

„Тоа е прилично тешко прашање. И уште потешко да се најде одговор. Тоа може да се сведе на толкување на правни експерти. Според ограничените информации за луѓето кои се занимаваат со надворешна политика на Петер Маѓар, тоа не е на нивната агенда. Што би значело за Мицкоски ако победи Петер Маѓар? Да сум на местото на Мицкоски јас веднаш би му пристапил на Маѓар и би побарал да го држи Груевски во Будимпешта до дополнително известување“, одговори познатио унгарски новинар Ендре Бојтар.

Ендре Бојтар има извонредно познавање не само за политиката, туку и за општествата во регионот. Тој, на пример, ги има преведувано славните писатели Данило Киш и Борислав Пекиќ на унгарски јазик и, очигледно, многу детално ја знае и политичката ситуација во Македонија.

Целото интервју на линкот тука.

Зачлени се на нашиот е-билтен