Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека САД имале добри и продуктивни разговори со Иран и дека ќе нареди војската да ги одложи сите воени напади врз иранските електрани и енергетската инфраструктура.
„Задоволство ми е да известам дека Соединетите Американски Држави и државата Иран, во текот на изминатите два дена, имаа многу добри и продуктивни разговори во врска со целосно и конечно решавање на нашите непријателства на Блискиот Исток“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.
„Му наредив на Министерството за одбрана да ги одложи сите воени напади врз иранските електрани и енергетската инфраструктура за период од пет дена, во зависност од успехот на тековните состаноци и разговори.“ додаде тој.
Набрзо по оваа изјава на Трамп следеше и остар пад на цените на нафтата, па така барел сурова нафта Брент која утрово чинеше близу 115 долари сега чини околу 100 долари за барел.
