Излезе од печат нова илустрирана книга за деца „КУКЛА“ од Мирјана Димова

„Кукла“

Денес излезе од печат нова илустрирана книга за деца „КУКЛА“ од авторката Мирјана Димова.

Станува збор за нежна и поетска приказна што ја доведува до констраст суровоста на природата со внатрешната топлина и имагинација на детето. Приказната за Лидија е истовремено кревка и наликува на сон, доловувајќи ја осаменоста, убавината и тивката отпорност на визуелно-евокативен начин.

Илустрациите ги изработи Билјана Билбилоска.

Мирјана Димова е родена во Битола. Високо образование завршила на универзитетот св. Кирил и Методиј, на департманот е-бизнис, во 2015 година. Студирала и на универзитетот Hochschule für Technik und Wirtschaft во Берлин. Зборува англиски и германски јазик. Со пишување започнала на 18 години. Живее и работи во Скопје.

Билјана Билбилоска е визуелен и мултидисциплинарен уметник, а со илустрација се занимава повеќе од 10 години. Нејзиното портфолио вклучува соработки со неколку домашни и странски издавачки куќи, а веќе три години активно е ангажирана во издавачка дејност во Мериленд, САД. Дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а во моментов е на постдипломски студии на институтот ИНАЛКО во Париз.

Книгата е со невообичаена димензија и претставува интересно и синематично искуство за младите читатели.

Зачлени се на нашиот е-билтен