Внимавајте: Полициски пресретнувачи со вграден радар ве демнат на улиците

пресретнувачи

Веќе некое време на улиците во Скопје и на патиштата низ Македонија патролираат возилата на МВР со вграден радар од „Безбеден град“.

Овие специјализирани возила за мобилно мерење на брзината се опремени со интегриран радарски систем, камери со висока резолуција и софтвер за моментално лоцирање и документирање на прекршоци.

Овие возила ќе патролираат низ државата во рамки на проектот „Безбеден град“ (Safe City)и ќе регистрираат возила кои се движат со поголема брзина од дозволената, без разлика дали станува збор за градска зона, регионален пат или автопат.

Вчера МВР извести дека мобилната единица со полициски пресретнувач со вграден радар  санкционираше возач кој управувал возило со брзина од 178 км на час надвор од населено место.

На експреснио пат Штип – Радовиш, полициски службеници со помош на такво специјално возило измериле брзина на движење на патничко моторно возило ,,мерцедес” со скопски регистарски ознаки од 178 километри на делница каде што максималната дозволена брзина е 110 километри на час.

Против возачот се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санција.

Сообраќајните контроли со специјалните возила – пресретнувачи продолжуваат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот, велат од МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен