ЧетГПТ може да се претвори во моќна рекламна машина

ЧатГПТ

Најавите дека четбот-платформите воведуваат реклами означуваат можна пресвртница во користењето на вештачката интелигенција како масовна услуга, оценува Блумберг Адриа.

На пример, компанијата „Опен еј-ај“ (OpenAI) започна со објавување реклами во најпопуларниот четбот ЧетГПТ (ChatGPT) на 9 февруари годинава, како дел од тест-фаза.

Ова претставува голема промена бидејќи досега корисничкото искуство, дури и за оние со пониски претплати, беше релативно едноставно: разговор без визуелни прекини, без спонзорирани објави и без комерцијални интервенции во самата комуникација. Тоа создаде впечаток дека овие системи функционираат како неутрални дигитални асистенти, фокусирани исклучиво на содржината од прашањето.

Со воведувањето реклами, се отвора дилема дали овој модел може да го задржи таквиот впечаток. Промената не би се однесувала само на изгледот на интерфејсот туку и на начинот на кој се гради односот меѓу корисникот и платформата.

Во меѓувреме OpenAI го објави лансирањето на ChatGPT Pro, услуга за претплата од 200 долари/месечно. Ова дава неограничен пристап до OpenAI o1, најновиот и најнапредниот модел на компанијата.

Претплатата Pro значи дека корисникот може да пристапи до услугите OpenAI o1, o1-mini, GPT-4o и Advanced Voice, како и режимот o1 Pro – верзија која „работи уште помоќно за да даде одговори на најтешките проблеми“.

Во иднина, ChatGPT Pro ќе добие „помоќни карактеристики за продуктивност со интензивна пресметка“, велат од компанијата.

Компанијата објави дека ChatGPT Pro е првенствено наменет за истражувачи, инженери и други поединци кои имаат потреба од секојдневна употреба на вештачка интелигенција на ниво на некои истражувања.

Зачлени се на нашиот е-билтен